Отворено 55. издание на „Охридско лето“

Со изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, на ансамблот Ла фура делс Баус од Шпанија, под диригентската палка на Хозеп Висент, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија вечерва на сцената на Античкот театар во Охрид свечено е отворено 55. издание на најголемата музичко-сценска манифестација - фестивалот „Охридско лето“.
На сцената се појавија повеќе од 150 изведувачи, каде покрај музички беа вклучени и видео ефекти, вода, воздух, оквири.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој како покровител на манифестацијата го прогласи за отворено 55. издание на Фестивалот, посочи дека „Охридско лето“ не збогатува со музички, сценски и ликовни дела, кои преку изведбите на врвните уметници допираат до нас.
- Република Македонија е навистина среќна што веќе 55 години фестивалот „Охридско лето“ е огледало што не збогатува духовно. Не збогатува со оние музички, сценски и ликовни дела кои, премостувајќи ги бариерите на просторот и времето, преку изведбите на врвните македонски, европски и светски уметници допираат и до нас, рече Иванов.
Уметноста, додаде, е како огледало што не потсетува на две големи вистини. - Првата е дека сме создадени со потребата и сами да создаваме. Затоа и најсреќни сме во моментите кога ги изразуваме најдлабоките дарби кои не чинат она што сме, со сета наша различност и неповторливост. Втората вистина е дека, споделувајќи ги плодовите на нашите дарби, ние придонесуваме кон градењето подобар свет за идните поколенија, нагласи претседателот.
Сепак, според него, во периоди кога човештвото минува низ големи трансформации, како да заборава да погледне во огледалото на уметноста.
- Растргнати сме меѓу безбројните избори и можности што ги нуди технологијата, без да знаеме на што точно да се посветиме. Се чини дека светот никогаш порано не бил толку материјално богат, а истовремено толку духовно сиромашен. Но, не губиме надеж, бидејќи, како што велат мудрите, убавината е таа што ќе го спаси светот. Човекот повторно ќе се огледа во неа и ќе се потсети на она што го дефинира, а тоа е да создава и да споделува уметност, истакна Иванов.
Во името на уметниците, режисерот Љубиша Георгиевски ја испрати пораката за 55. издание на фестивалот „Охридско лето“ во која се наврати во историјата на мултикултурализмот во Македонија.
Според него, ние имаме повеќе од 2500 илјади години тренинг по мултикултурализам, односно жителите на Македонија биле жители на една огромна империја - империјата на Александар, на Римската, на големата Византија, на Самуиловото, Душановото и Османлиското царство кои биле мултикултурни општества.
- Вечерва на ден Петровден, Охрид е повторно центар на светот и тоа не е обична флоскула. Центар на светот е затоа што тука, во Охрид се напластени серија цивилизации, рече Георгиевски.
На отворањето присуствуваа и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, министри.....
Гордана Јосифова-Неделковска, селектор на музичкиот дел на фестивалската програма, најави дека и годинава ќе понудат нешто ново, поинакво, што се надева дека ќе ја импресионира фестивалската публика. Музичкиот дел од фестивалската програма нуди звучни имиња од потврдени уметници, меѓу кои руските пијанисти Андреј Коробеников и Николај Лугански, македонскиот сопран Весна Гиновска – Илкова, пијанистката Кристина Светиева, ...
Селекторот на драмскиот дел Ѓорѓи Јолевски вети многу новитети, четири премиери на македонски продукции, а во секоја од нив инволвирани се странски режисери, продуценти и копродуценти. Драмската програма почнува утре со претставата „Неопланта“ во изведба на Театар - Нови Сад, а во наредните фестивалски денови публиката ќе може да ги гледа „Нашиот клас“ на театар „Камери“ и Национален театар „Хабима“ од Израел, „Со љубовта шегување нема“ на Интимен театар од Битола, „Многу врева за ништо“ на Народен театар – Сомбор, рускиот театар „Вера Комисаржевскаја ќе настапи со претстават „Опасни врски“ на македонскиот режисер Дејан Пројковски...
Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура и од општина Охрид.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
