Отворена ретроспективната изложба на Спасе Куновски
Ретроспективно-
Изложбата ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека Куновски со својот исклучителен и уникатен ликовен израз оставил длабок печат во развојот на македонската современа ликовна уметност, во нејзината промоција и афирмација во меѓународен контекст.
- Љубителите на ликовната уметност преку оваа ретроспектива, по еден подолг период, повторно се среќаваат со творештвото на Куновски, но овојпат од еден современ аспект кој ќе посведочи за посебноста, за ликовниот ракурс на авторот, за периодот во кој твори и во кој симболично можеме да кажеме дека минатото и иднината се преплетуваат. Куновски ќе остане запаметен како уметник со силен истражувачки дух, уметник кој водеше повеќеслојна, инспиративна игра со актуелните процеси и тенденции на светската ликовна сцена, потенцира Канческа-Милевска.
Изложените дела кои се вечерва пред нас, како што рече, се токму потврда за најдоследните и најубави примери на неговото творештво, на надреалистичкиот штимунг во македонското современо сликарство.
Министерката за култура потсети дека Спасе Куновски создаде извонредни дела работени во духот на академскиот реализам.
- Денеска пред македонската јавност се претставени 75 дела на Спасе Куновски, масло на платно и цртежи, кои се во сопственост на нашите национални институции, Националната галерија на Македонија, Музејот на современа уметност, МАНУ, Музејот на Македонија, Музејот и галерија-Штип, Културниот центар „Антон Панов“-Струмица, како и дела кои се во сопственост на голем број приватни сопственици и колекционери. Интересот за неговото творештво и денеска ни потврдува дека иако тој не е меѓу нас, неговиот миг не е изминат, приказната не е завршена, предизвикот за дијалог со делата на Куновски продолжува, нагласи Канческа-Милевска.
Таа потенцира дека оваа изложба е потврда дека македонската модерна уметност може да се гордее со името и творештво на Спасе Куновски, кој, како што рече, има свое посебно место во историјата на македонската ликовна уметност и култура.
На отворањето на изложбата присуствуваа директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими, професорот Ивица Џепаровски, семејството на Спасе Куновски и љубители на уметноста.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава