Отворена прва градинка во општина Врапчиште

Во општина Врапчиште денеска беше отворена првата јавна детска градинка „Пранвера”. Во градинката, којашто ќе функционира во основното училиште во село Врапчиште, ќе бидат згрижени педесетина деца од турска и албанска етничка заедница, а во иднина и повеќе зависно од потребите. Отворени се и пет работни места.
На свеченоста присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, градоначалникот на Врапќиште Бајрам Кадрија и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон.
Министерот Адеми нагласи дека градинката е дел од владиниот проект за згрижување и поддршка на децата од руралните средини и спроведување на надлежностите кои се опафатени со децентрализацијата.
- Статистиката покажува дека 20 проценти од децата се згрижени во предшколски установи, што е под европскиот просек. Со овие активности сакаме да ја подобриме и сликата и при тоа да ги задоволиме потребите во руралните средини каде што децата се нерамноправи во споредба со нивните врсници од градовите, рече министерот Адеми.
Пред извесно време, истакна Адеми, е донесен и владин заклучок за адаптрирање и отварање градинки и во поголемите села како Градец и Неготино Полошко.
Градоначалникот на Кадрија се заблагодари за поддршката во реализацијата не барањето на жителите на едно од најголемите села во општината и подвлече дека покрај државната поддршка, отварањето на градинката го помогнаа и локални бизнисмени.
Отварањето на градинката во Врапчиште е дел од поширок проект со кој се опфатени 16 општини во Македонија и згрижување на 2.500 деца.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
