Отворена новата сезона во Македонската кугларска лига
Со одигрување на натпреварите од првото коло, викендот започна новото првенство од Македонската кугларска лига.
Уште на стартот се одиграа два дерби натпревара помеѓу Вардар и Макпетрол, како и ГТЦ и Пелистер.
Победи Макпетрол со поените на Сашо Трпковски, Младен Донковски, Дарко Марковиќ (интернационалец), Игор Беличански и Младен Донковски. Кај Вардар 2014, поени освоија Коста Манев кој беше и играч на натпреварот и најдобар куглар во првото коло и Милош Миливојевиќ (интернационалец).
На второто дерби, поените за ГТЦ ги зедоа Менсур Ајдин, Александар, Блажевски и Игор Коцев додека кај Пелистерци, поени освоија Цане Колев, кој воедно беше и играч на овој натпревар, Цане Поповски и Влатко Трајчевски.
Резултати:
Вардар А – Макептрол А 2:6
Вардар Б – Пелистер Пин 7:1
ГТЦ Мусандра – Пелистер А 5:3
Мусандра жени – Макетрол Б 1:7.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети