Отворена новата полициска станица во Ѓорче Петров

Преку вложување во условите за работа, техниката и во човечки ресурси во полицијата, можеме да гарантираме безбедност и на граѓаните и на државата, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот објект на Полициската станица во Ѓорче Петров во која дел од просториите ќе ги користи и Противпожарната единица од оваа општина.
- Министерството за внатрешни работи од својот буџет издвои 44 милиони денари. Објектот е комплетно опремен со сите инфраструктурни работи што се потребни за една полициска станица, како што е пристапот за возилата на полицијата, граѓаните, за лицата со инвалидитет,... истакна Спасовски.
Информираше дека вакви проекти ќе бидат реализирани и во иднина, меѓу кои се ПС во Јегуновце, во Куманово, реконструкција на ПС во Струга, на железнички премин „Богородица“ и други.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој потпиша Меморандум за соработка за пробна примена на комуникацискиот систем Тетра со министерот Спасовски, рече дека овој објект е од голема важност за градот, меѓу другото, и поради тоа што во просториите ќе биде и Противпожарната единица од овој реон во која ќе бидат сместени три противпожарни возила со пожарникари кои ќе ги опслужуваат. Појасни дека Тетра ситстемот ќе овозможи еден комуникациски канал кој ќе биде поврзан за безбедносните прашања на територијата на Градот Скопје, односно онаму каде што ќе биде потребна за каква било интервенција за безбедност или за здравјето на граѓаните, полицијата и итната медицинска помош ќе можат да ги добиваат повиците на една линија.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумовски информираше дека на местото на старите полициските бараки во општината ќе изгради паркинг простор за возилата од околните згради, додека пак просторот кај старата Противпожарна единица ќе биде преуреден во зеленило.
Ново на Сител
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
