Отворена изложбата на Данчо Ордев во Гостивар

Во галеријата „Култ“ во Гостивар синоќа беше отворена самостојната изложба на академскиот ликовен уметник Данчо Ордев. Тој пред љубителите на ликовната уметност се претстави со дваесетина дела изработени во техниката масло на платно и се дел од неговиот последен опус.
На отварањето на изложбата, академскиот професор Решат Амети осврнувајќи се на делото на овој уметник напомена дека Ордев има голем придонес и во педагошката работа со студентите и младите уметници.
Во рецензијата за последната изложба на Ордев, професорот Владимир Величковски наведува дека добар дел од новите дела се изведени во редуциран хроматизам, речиси со “графички ефекти”, со некој одмирен акцент во црвено и друго, кои на овој начин му дава извесен надреално фантастичен израз на визуелниот кадар.
Данчо Ордев е роден на 7 мај 1945 година во Скопје, а дипломирал на Академијата за ликовна уметност (отсек сликарство) во Загреб во 1969 година. Член е на ДЛУМ од 1973 година. Работел како редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Има реализирано самостојни изложби во Загреб, Скопје, Битола, Струга, Прилеп, Велес, Осијек, Гостивар, Кичево, Струмица, Хелсинки, Брисел. Учествувал и во повеќе групни изложби и повеќе ликовни колонии во Македонија и во странство. Ордев, има добиено повеќе награди за ликовно творештво.
Ново на Сител
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
