Отворен првиот центар за иновации на Град Скопје
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон денеска го отворија првиот Центар за иновации на Град Скопје-Скопје лаб.
Центарот е лоциран во објектот на влезот на градската администрација, во просториите на поранешниот Граѓански центар.
- Со овој Центар за иновации ќе се подобри начинот на комуникација на Град Скопје со граѓаните и со бизнис заедницата. Со оглед на тоа што ќе се применуваат нови, современи алатки и методи, ќе се прават работилници, на интерактивен начин меѓу граѓаните, бизнис заедницата и вработените од Град Скопје ќе може да се видат нивните идеи, сугестии и иновативни предлози и тие да бидат преточени во план и реализација на Град Скопје, рече Трајановски.
Тој истакна дека 20 луѓе од администрацијата на Град Скопје веќе се обучени преку овој Центар за иновации за подобра комуникација со граѓаните и за прибирање на нивните идеи.
Винтон потенцира дека УНДП го поддржува создавањето на овој Центар за иновации, кој е четврти во регионот. Другите три се во Ерменија, Грузија и Молдавија.
Таа упати благодарност до владите на Словачка и на Турција кои, како што рече, ги обезбедија средствата за спроведување на овој регионален проект во износ од 360 илјади американски долари.
- Идејата е да се отвори вратата, да можат да дојдат сите граѓани и да учествуваат заеднички со властите на Град Скопје и да работат на решавање на проблемите. Услугите кои ги обезбедуваат властите, без оглед дали на национално или на локално ниво, да можат да бидат подобрени токму со учеството на граѓаните, и во осмислувањето и во испорачувањето на услугите, рече Винтон.
Досега во Центарот се одржала креативна размена на идеи за јавниот транспорт, а првите два пилот-проекти на кои ќе работи Центарот за иновации се справувањето со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот.
Ново на Сител
-
Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија
-
Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии
-
Субвенции од 2.000 денари месечно за сите средношколци од прва година од кривопаланечката гимназија
-
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-
Полицаец во Тетово одавал службени тајни за акции и контроли на вработен во казино
-
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја задолжиле државата