Отворање на изложбата на Ранко Дакиќ – „Егзил“ во МСУ
Изложба на македонскиот уметник Ранко Дакиќ, кој живее и работи во Берлин, Германија, вечер ќе биде отворена во НУ Музеј на современата уметност (МСУ), во Скопје.
Насловена „Егзил“, поставката ќе презентира педесетина негови дела (цртежи, слики и скулптури) работени во последниве триесетина години, односно по неговото заминување од Македонија во 1987 година.
Куратор на изложбата е Златко Теодосиевски, кој е и автор на монографијата.
За творештвото на Ранко Дакиќ (1958, Скопје) се посочува дека не цели да ни открие зачудувачки новости во сликарството или скулптурата, туку да ни го отвори неговиот внатрешен свет, кој може и неочекувано да ни помести некои граници во македонската ликовна уметност.
-Уметноста на Дакиќ не е поводлива и не е подведлива, таа не сака да биде национална, па ни интернационална. Таа цели да биде анационална односно сака да биде само – уметност. Во извесна смисла таа е егзистенцијална. Но не егзистенцијалистичка во философската смисла на зборот, туку како некаков личен творечки одговор на егзистенцијалните дилеми, на разбирањата на уметноста, на истражувањата на личните перцепции на визуелното ама и на личните страсти, ст(р)авови, победи и порази …Уметноста на Дакиќ не признава стил и/или развој. Се’ што уметникот ќе создаде е негов „стил“ и негов „развој“, неговата уметност е тој – лично и персонално – и тој е неговата уметност. Целосно и неотповикливо, се наведува во најавата за изложбата.
Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата