Отворање на автопатот од Ниш до бугарската граница на Коридор 10

Денеска во Србија на Источниот крак на Коридорот 10 се пушта во сообраќај делницата од Просек до Црвена Река, со вкупна должина од 22,5 километри, со што се заокружува изградбата на целиот источен крак од Димитровград до Ниш, долг 86 километри и 800 метри. Вкупната вредност на градбата на источниот крак се проценува на околу 476 милиони евра.
Овој дел од источниот крак, се смета за најтежок, бидејќи ја заобиколува Сичевачка клисура.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, со новиот автопат долг 86,8 километри од Ниш до граничниот премин Градина на српско-бугарската граница, ќе се патува за педесет минути.
На свеченото отворање ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, бугарскиот премиер Бојко Борисов и членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.
На целиот источен крак од Ниш до Димитровград изградени се 87 мостови, пет тунели, пет сообраќајни јазли, 12,5 милиони кубни метри ископ, насипи од 9, 5 милиони кубни метри материјал и околу 780,000 тони асфалт.
Вкупната должина на целиот Коридор 10 во Србија е околу 813 километри, а нејзиниот источен крак од Ниш до Димитровград, долг е 86,9 километри.
Источниот крак на Коридорот 10 ја поврзува Србија со Бугарија, но исто така е важен и како транзитен коридор преку кој се одвива сообраќајот меѓу Централна Европа и Турција кон Блискиот исток.
Ново на Сител
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
