-->
-->
Отстранет дефектот со парно греење, испораката на топлинска енергија непречена
-->

Дефектот во топлотната мрежа поради кој без парно греење во текот на вчерашниот ден останаа дел од граѓаните во Центар и Карпош е отстранет и испораката на топлинска енергија се одвива непречено, информира денеска „Балкан енерџи груп“.
Компанијата истакнува дека дефектот е целосно отстранет и оти утринава сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење, добиле навреме топлинска енергија.
- Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енеџи работеа во текот на целата ноќ, по што целосно беше саниран дефектот на мрежата. Во зајакнат состав, екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи остануваат на терен за да следат состојбите, велат од компанијата.
За сите дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
