Отстранет дефектот на водоводната мрежа во Делчево
Отстранет е дефектот на водоводната мрежа кој денеска без вода за пиење ги остави жителите на населбите Први, Втори и Трети Реон како и село Полето во Делчево.
Стојче Стојковски, директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ од Делчево, информираше дека дефектот настанал поради напукната цевка на главниот довод на вода од десната страна на градот.
– Имавме проблем утрово да го откриеме дефектот, но по неговото лоцирање наши екипи веднаш започнаа со неговата санација. Изолиран е напукнатиот дел и вентилот е повторно ставен во функција со што е овозможено користење на водата од градскиот водовод. Апелирам на оние места каде ќе се забележи песокливост при истекување на водата граѓаните, да бидат стрпливи и истата да ја истекуваат подолго од пет минути за водата да ја добие повторно потребната бистрина, истакна Стојковски.
Додаде дека поради дефектот, водата се хлорира со што е отстранета каква било опасност од нејзино загадување.
Заради квалитетно снабдување на вода за пиење од претпријатието апелираат до граѓаните навреме да ги пријавуваат евентуалните прекини во водоснабдувањето за истите да бидат навремено отстранети.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард

