-->
-->
Откриена тајната за долговечноста: Има 112 години, пуши 10 цигари на ден и пие виски
-->
Најстариот Американец Ричард Овертон во петокот го прославил својот 112 роденден. Ричард живее во Тексас, а вели дека ни во длабоката старост нема болки и дека секое утро станува со насмевка на лицето што ги натера многумина да се запрашаат која е неговата тајна за долговечноста и доброто здравје.
- Едноставно е, немојте да умирате, одговара овој старец кој живее потполно спротивно од она што го советуваат докторите.
Ричард пуши по 12 цигари на ден и секојдневно пие виски. Не се откажал од кафето, напротив. Пије дури и четири шољи кафе на ден, а во она првото утринско става и малку бурбон.
- Тоа ми е лекот, вели 112 годишниот дедо.
И други стогодишни поделиле совети за долг и убав живот, а многумина ќе ве изненадат.
Бабата Дорис (100) вели дека веќе 70 години секој ден пие квалитетно пиво.
Најстарата жена во Шкотска Џеси гален изјавила во 2015 година дека најдобар рецепт за долг живот и добро здравје е да се држите подалеку од мажи. Гален, која починала на 109 годишна возраст советувала секој во своето мени да има и каша.
Дека тајната за договечноста е да се избегнуваат мажите тврди и Англичанката Гладис Коух, која на 103 годишна возраст раскажала на новинарите дека никогаѓ не се мажела и немала сексуални односи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка