Откриен фосил на бактерија стар 4,2 милијарди години
Во реонот на канадскиот град Квебек е пронајден фосил на микроскопска бактерија, со дебелина помала од човечко влакно, која според неучниците датира од пред 4,2 милијарди години.
Откривањето на овој досега најстар пронајден фосил на Земјата, значи дека зачетокот на поразвиените форми на живот на нашата планета се случил околу 800 милиони години порано отколку што се сметаше досега.
Научниците сметаат дека бактеријата живеела во доста топли и влажни услови, односно во океан на околу 60 степени Целзиусови.
Претходниот најстар откриен фосил на бактерија датираше од пред 3,4 милијарди години, што водеше до научна претпоставка дека животот на Земјата настанал пред 3,7 милијарди години. Со новите сознанија, староста животот на земјата се поместува на пред 4,5 милијарди годиним односно 100 милиони години по претпоставениот настанок на Земјата.
Ова откритие е солидна индикација дека е можен равој на слични форми на живот и на други планети, сметаат научници од Лондонскиот Универзитет.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите