Откажано свеченото отворање на Агротика во Солун поради протест на земјоделците

Церемонијата по повод свеченото отворање на 26. земјоделска изложба Агротика во Солун е откажана со цел да се обезбеди нејзино непречено функционирање, изјави управниот директор на Хелекспо Киријакос Позрикидис.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, земјоделците кои со денови протестираат против пензиските реформи што ги планира Владата, претпладево се собраа на локацијата каде што требаше да биде отворена изложбата и откако тензиите почнале да ескалираат, организаторот во договор со министерот за рурален развој, Евангелос Апостолу одлучи да го откаже настанот за да се избегнат понатамошни тензии.
- Изложбата е најголема на Балканот. Сакавме таа да биде празнување на примарниот сектор, а не да биде обележана со какви било судири или други инциденти кои ќе влијаат на имиџот на изложбата и на градот Солун, додаде Позрикидис.
Тој истакна дека Агротика нуди многу работи за грчката и локалната економија и оти сите хотели се целосно резервирани.
- Нашата цел е да обезбедиме непречено функционирање на изложбата, изјави претседателот на Хелекспо.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
