Откажан перформансот на режисерот Мартин Кочовски на ИФФК „Браќа Манаки“

ИФФК „Браќа Манаки“ одлучи да не се реализира вечерашниот перформанс на режисерот Мартин Кочовски.
На денешната прес-конференција во Битола, директорот на Фестивалот Благоја Куновски-Доре истакна дека Фестивалот нe ја ограничува слободата на атрактивниот израз и дека и во иднината ќе ја поддржува.
- Концептот кој беше планиран за перформансот во траење од 5 минути во рамките на програмата за свечено затворање на фестивалот, односно планот на авторите на сцената да остават отпад од неколку килограми праски, сливи, дињи и неколку килограми мед и половина кубен метар огревно дрво, а за кои за да се расчистат од сцената е потребно време со кое се оддолжува почетокот на церемонијалот за доделување на наградите за најдобрите кинематографери на годинaшниот фестивал. Со цел да се избегне ова оддолжување на свеченото затворање за минимум 20 минути потребни за чистење на сметот од сцената и поставување систем на озвучување, ние одлучивме да го откажеме перформансот, истакна Куновски.
На средбата со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ предочи дека фестивалот никогаш немал намера да ограничи слободата на атрактивниот израз на авторот што како што рече Куновски беше забележливо за време на отворањето на фестивалот кога авторот беше поддржан во реализацијата на пеформансот.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
