Откажале сопирачките на службениот автомобил во кој се возел Абазовиќ

Одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а надлежните се во процес на утврдување како и зошто се случило тоа, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МУП) за „Вијести“.
Според информациите на весникот, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот немало никакви предупредувања – на контролната табла.
Откако возилото застанало на макадам покрај патот, Абазовиќ од придружба влегол во друг автомобил и оттогаш користи друго службено возило.
Од МУП велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што возилото ја поминало, но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиецот на Абазовиќ, Филип Аџиќ иницирал вонреден надзор од страна на Управата за безбедносни надзорни задачи, „за утврдување на причините и околностите под кои се случил овој настан“.
Уверени сме од досегашната проверка дека дефектот на возилото се должи на староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажувале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило, соопштија за „Вијести“ од министерството.
Оттаму објаснуваат дека 12 години е просечна старост на службените моторни возила, кои се користат во рамките на Одделението за обезбедување на домашни заштитени лица со цел да се извршат работи за заштита на безбедноста на заштитените лица.
Ново на Сител
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
-

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2"
-

Синот со над 30 убоди во вратот и градниот кош го убил татко му во Скопје, обвинителството отвори истрага
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
-

Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации
