-->
-->
Отказ за Џикиќ, нов селектор Србиновски?!
-->

Досегашниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Србинот Александар Џикиќ не е повеќе прв стратег на „националите“ . Негов наследник најверојатно ќе биде помошникот на Марин Докузовски од ЕП во Литванија каде Македонија го освои 4. место, Марјан Србиновски. Се најавува дека на клупата на националниот тим на следното ЕП како советник ќе седи и спортскиот директор Заре Марковски .
Оваа одлука е донесена од страна на комитетот за итност во Куќата на кошарката во консултација со членовите на Управниот одбор. Селекторот е разрешен поради, како што се вели во објаснувањето од МКФ, нарушената соработка и недоверба во органите на федерацијата. Воедно, предводниците на макбаскетот воедно му се заблагодаруваат на Џикиќ за досегашната работа со националниот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
