-->
-->
Откако констатирала смрт, екипа на Итна помош добила закани на Бит Пазар
-->

На 10.02.2026 година околу 02:45 часот, во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при интервенција во куќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, биле упатени закани кон медицинскиот персонал.
Според пријавата, по претходно барање за укажување лекарска помош на женско лице, на местото пристигнала екипа составена од лекар, медицинска сестра и возач, при што било констатирано дека лицето е починато. По утврдувањето на смртта, сопругот на починатата, Е.Б. (40), и нејзиниот брат Б.Н. (39), двајцата од Скопје, им упатиле закани на членовите на медицинската екипа.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
