Осум жртви во топлотен бран во Мексико
Осум лица починаа во третиот топлотен бран што го погоди Мексико од средината на април, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Температурите неделава достигнаа рекордни 35 степени Целзиусови во главниот град Мексико Сити.
Седум жртви починале од топлотен удар и една од дехидрација во периодот од 14 април до 12 јуни, се вели во соопштението на Министерството.
Во североисточниот град Монтереј, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, притисокот на водата во домовите падна, а зголемената побарувачка за електрична енергија од клима уредите доведе до прекин на електричната енергија.
Владата на државата Нуево Леон, во која се наоѓа Монтереј, го ограничи времето што децата го поминуваат на училиште на два часа дневно.
Минатата година Мексико прогласи вонредна состојба поради сушата во делови од земјата поради топлотниот бран и недостигот на дожд што ги исцрпи акумулациите.
Властите во некои градови, вклучително и Монтереј, неколку недели им дозволуваа на домаќинствата пристап до проточна вода само неколку часа дневно.
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
