Осум сообраќајки вчера во Скопје, две лица тешко повредени
Пешак и сопатник во автомобил се тешко повредени, а со полесни повреди се здобиле пет лица, во шест од осум евидентирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајната полиција санкционирала поголем број прекршоци меѓу кои пет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење на возилата, пет не ги почитувале светлосно сигналните уреди, 17 возачи биле без возачка дозвола односно со нерегистрирано возило, 80 за непрописно паркирани возила, а 25 возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли без заштитен шлем на глава.
Санкционирани се пет пешаци вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило „Пајак“ полицијата отстранила 60 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје со членовите на сообраќајната училишна единица денеска ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот на булеварот „Кочо Рацин“ пред ОУ „Димитар Миладинов“ и на ул. „11 Октомври“ пред О.К. Кјуби, по прекршоците кои најчесто ги прават пешаците и возачите на моторните возила.
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Буба Мара“ објект „ Пчелка 1“, која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции