Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

По повеќе од два месеци нема епилог во врска со наводите за непотребно извршени интервенции на срце во приватни здравствени установи кои ги испитува интерната комисија во Министерството за здравство. Досега се пристигнати околу 25 претставки, останува да се разгледаат уште седум или осум. Од интерната комисија формирана по наводите беше најавено дека ќе бидат вклучени и странски доктори, експерти, но не се прецизира кога тие ќе пристигнат во земјава.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска рече дека кога ќе завршат со разгледување на тие претставки ќе излезат на прес-конференција и дека во моментов кога официјално изборите ќе завршат тогаш ќе можат процедурата да ја почнат од Министерството.
Појасни дека освен таа неформална комуникација немале формална комуникација со договор со Комисијата, односно официјална средба со членовите.
- Уште седум наоди треба да се анализираат. Знаете дека тие процеси бараат време. Прво тие експерти се и така во мал број за нашата земја. Освен оваа работа тие дневно имаат активности во амбуланта и операционите сали, затоа оваа динамика на работа не зависи од нас како Министерство, туку зависи од целиот експертски тим кои не се малку на број и се оптоварени со нивните секојдневни обврски со давање здравствени услуги на граѓаните, посочи Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за кардиологија.
Тој појасни дека странски експерти од Словенија, Австрија и Италија се ангажираат поради тоа што прашањето се подигнало на високо ниво.
- Бидејќи прашањето е многу сензитивно и се работи за многу сензитивни операции на срце, не дека не веруваме во нашите експерти, туку сакаме и јавноста и експертите внатре да бидеме сигурни дека тој резултат, наод, извештај по работата на внатрешната Комисија и тројцата странски експерти, ќе ни биде патоказ за реорганизација и нова оптмизација на тие здравствени услуги по наодите кои ќе ги имаме од Комисијата. Идејата за надворешни експерти е само заради тоа што ние веруваме дека освен таа Комисија уште едно мислење од надвор би било како информација до јавноста многу поуверливо за да може секој граѓанин да верува во овој процес. Темата е многу сензитивна и многу сме внимателни. Не влегов во детали и нема да влезам се до моментот кога Комисијата ќе има прес-конференција заедно со мене за да ги објави наодите пред јавноста, истакна Алиу.
После таа фаза, нагласи министерот, наредната фаза е со тројцата експерти кои ќе бидат вклучени за консултации со внатрешните експерти за да може тој еко систем да се затвори и да може после тоа како Министерство да креираат нови политики за тие здравствени системи.
На прашање дали приватните болници сега ги пријавуваат сите интервенции кои ги прават бидејќи од 15 септември требаше да бидат задолжителни, рече дека модулот за пријавување е отворен меѓу приватните болници и интегрираниот систем и дека процесот е активен.
МИА
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
