Османи: За неколку месеци ќе го добиеме првиот премиер Албанец
ДУИ вечерва е на митинг во Чаир од каде новиот координатор на партискиот огранок во оваа скопска општина, Бујар Османи порача дека за неколку месеци Македонија ќе го добие првиот премиер Албанец.
- Бевме народ без јазик, без знаме, без достоинство и горди на тоа што бевме, а да се вратиме таму каде што сме сега и да ја направиме разликата и да почнеме од горе - долу. Да почнеме со претседателот на државата кој е консензуален и ја води војската со печат што е на албански јазик. Денеска имаме Собрание што во последните шест години го водат Албанци. Всушност, имаме три парламенти во регионот кои сега се водат на албански јазик. Ја имаме Владата во која неколку месеци го чека првиот албански премиер, кажа Османи додавајќи дека од 18 министри 9 се Албанци.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги