Османи-Вуцас: Фокусот на новиот реформски план е самитот на ЕУ догодина

Перспективите за европската интеграција на Македонија беа главна тема на разговорите на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со новоименуваниот австриски амбасадор Георг Вуцас.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи го запозна Вуцас и со новиот реформски план, кој е предвидено да се имплементира до март идната година, во пресрет на европскиот самит на Унијата.
– Австрија повеќе пати ја има покажано поддршката за зачленувањето на Македонија во ЕУ, овде ќе потсетам пред сè на заложбите во текот на австриското претседателство со Унијата, како и силната поддршка на Берлинскиот процес, и секако, за нас можеби и најзначајно во овој период е австриската поддршка и придонес кон заедничкиот нон-пејпер за подобрување на процесот на проширување, истакна Османи.
На средбата се разговараше и за билатералните односи помеѓу двете земји во областа на европските интеграции за поддршка на земјава во текот на преговорите со ЕУ, при што е истакнато дека австриската поддршка е една од најдобро насочените и најдобро управуваните технички и финансиски поддршки кои ги добива Македонија, а беа разгледани и можностите за нејзино унапредување, особено во претстојниот период.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
