-->
-->
Османи: Постојат земји со двојазична банкнота и воена униформа
-->
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пред денеска да го аргументира контроверзниот Закон за јазици пред Венецијанската комисија, која попладнево треба истиот да го разгледа и потоа да даде свое мислење, објави дека постојат земји во светот кои практикуваат двојазнични банкноти и униформи на армијата.
„Пленумот на Венецијанската комисија, составен од претставници од околу 60 земји низ целиот свет, попладнево ќе го разгледа Законот за употреба на јазиците. Тврдам дека употребата на банкнотите и воените униформи е практика во некои земји ширум светот и е здрава и за нашата земја. Аргументите за потребата од законот, конкретните одредби и неговото спроведување се направени во координација со локални и регионални експерти“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.
Тој истовремено изрази разочарување од вчерашниот настап на професорката Тања Каракамишева која имапе негативно мислење во своето обраќање пред Поткомитетот за национални малцинства и фундаментални права.
„Почитување за досегашната соработка и работата на Комисијата, но разочарување за деструктивната позиција и улогата на претставникот на Северна Македонија во Венецијанската комисија!“, додаде Османи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка