Османи: Олабавувањето на рестриктивните мерки не се ад хок решенија, туку стратегија
Денешните одлуки за олабавување на рестриктивните мерки не се ад хок решенија, туку се дел од подолгорочна стратегија на Владата како да се овозможи безбедност на граѓаните во услови на слободно движење, истакна вицепремиерот Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови за справување со вирусот КОВИД-19.
На прес-конференцијата на која Владата објави прекин на полицискиот час и повторно работење на угостителските објекти Османи се заблагодари за високото ниво на дисциплина, свест и саможртва што ја покажале граѓаните во сите овие недели на наметнати рестриктивни мерки. Со тоа, истакна, помогнавте да се зачува вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, но и станавте десна рака на здравствените работници со што значително им ја олеснивте нивната работа.
-Во целиот овој период имаше и одредени пропусти и прекршувања и критики кон нас во имплементацијата на рестриктивните мерки, но морам да кажам дека оваа закана е невидена и претходно ниту еден граѓанин и држава не можеле да се подготват за вакви рестриктивни мерки. Не беше лесно ниту за Владата, ниту за граѓаните кои мораа да ги сменат своите навики, да ги напуштат работните места, да се грижат за образованието на своите деца и да ги ограничат своите движења. Но, и покрај сето тоа и евентуалните мали пропусти успеавме од моментот на влез на овој вирус во нашата држава преку неговото ширење да воспоставиме контрола и предвидливост и во ниту еден момент не излезе од контрола и од патеките на ширење кои беа предвдиени во нашата стратегија, рече Османи.
Тој како успех го потенцираше справувањето со вирусот во Дебар каде од најголема криза и рестриктивни мерки веќе нема позитивни случаи, како и во Куманово кога, потенцираше, со навременото тестирање и детектирање беше овозможено нормализирање на кривата.
– Убедени сме дека тој тренд кој го менаџиравме на локално ниво заедно со локалните штабови сега се случува и на национално ниво, така што дури и денешните евентуални џебови и зголемување на бројките се во рамки на контролираното и предвидливо сценарио за ширењето на пандемијата. Но, должност на Владата е да овозможи безбедност на граѓаните, слободно движење и враќање во новата нормалност што ја заговараме, порача Османи.
Ново на Сител
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада
-
До петок многу топло со температури и над 40 степени
-
Нов случај на семејно насилство во Кавадарци
-
Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата