Османи: Нема алтернатива освен еден ден регионот да стане дел од ЕУ
За нас нема алтернатива, освен еден ден овој регион да стане дел од Европската Унија, нагласи денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.
Османи потенцира дека земјава ќе продолжи со напорите за надминување на разликите со Бугарија, но и за исполнување на критериумите за членство во ЕУ.
– Република Северна Македонија го има започнато европскиот пат пред околу 20 години, но за жал и покрај 17-те години активен процес, се уште не ги има започнато преговорите поради различни предизвици што не се директно поврзани со ЕУ и исполнување на критериумите. Еден од споровите што во моментов го кочи тој процес е спорот со Република Бугарија, појасни Османи.
Се разбира, смета тој, ова одложување на процесот кај граѓаните на земјава создава незадоволство и разочарување.
– Нашето убедување е дека ова требаше да биде Мерит заснован процес, односно процес во којшто доколку ги исполнувате критериумите, се движите напред во процесот. Меѓутоа за нас нема алтернатива затоа што ние сме географски внатре во ЕУ, регион опкружен со земји-членки на ЕУ. Нашата економија е 90 проценти поврзана со ЕУ и оттука нема алтернатива, освен еден ден овој регион да стане дел од ЕУ и ќе продолжиме со тие напори, се разбира надминувајќи ги разликите меѓутоа и продолжувајќи да ги исполниме критериумите, нагласи Османи.
Ново на Сител
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема, постои недостиг на доверба и кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
