Османи и Димитров во посета на Италија и Белгија
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во Италија, а утре ќе бидат во работна посета на Белгија.
Во Италија тие денеска ќе имаат средба со италијанскиот министер за надворешни работи Ензо Моаверо Миланеси, како и со Лучијано Ди Алфонсо, претседател на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат.
Како што соопшти владината прес-служба, централна тема на средбите ќе биде интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, како и поддршката од Италија за земјава по објавувањето на Извештајот за напредок, а во пресрет на одржувањето на Европскиот совет во јуни.
Во разговорите се очекува да бидат опфатени и прашања поврзани со европската перспектива на останатите земји од Западниот Балкан и регионалната динамика.
Вицепремиерот Османи и министерот Димитров од Италија ќе продолжат во работна посета на Белгија, каде што за утре е најавена средба со Дидие Рејндерс, заменик-премиер и министер за надворешни и европски прашања на Кралството Белгија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини