Оштетените цевки за довод на медицински гас во Заводот за нефрологија во Струга ќе бидат наскоро санирани
За брзо време ќе бидат санирани оштетените бакарни цевки на централниот довод на медицински гас до операциската сала во Специјалната болница за нефрологија во Струга, изјави за МИА директорот Александар Попоски, според кого, ова е второ оштетување на цевките за довод на медицински гас во болницата.
МВР денеска информираше дека Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга, пријавил оти непознат сторител насилно дејствувал на цевките на централниот довод.
– На 17 март во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, односно вчера до 10.05 часот, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот, стои во МВР билтенот.
Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот
-
Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава
-
Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот | ВИДЕО
-
Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот
-
Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади
-
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија