Оштетени цевки ги оставија земјоделците од штипско–карбинскиот регион без вода за наводнување
Жителите од карбинскиот регион остана без вода за наводнување. Земјоделците реагираат дека житото и детелината им се исушиле, бидејќи при изградбата на експресниот пат Штип-Кочани оштетени се повеќе цевки од системот за наводнување.
Имено, 50 семејства од селото Долни Балван во општина Карбинци бараат водата од езерото Калиманци што побрзо да пристигне до нивите. Алармираат дека ако за десеттина дена не им се реши проблемот ќе останат без род. Тврдат дека станува збор за околу илјада хектари.
– Мумуруските горат, детелината, тоа што искосивме тоа е, другото се исуши, се е суво како барут, нема повеќе ниту детелина ниту мумуруска. Нема никаков принос. Пченката веќе е изгорена, за детелината и да не зборувам. Како понатаму, не знам, вели земјоделецот Иванчо Василев од селото Долни Балван.
Раководителот на ЈП Водостопанство „Овче Поле“, Владо Ивановски информира дека градежната компанија мора да ги санира цеквите за наводнување, со цел земјоделците да добијат вода до нивните ниви.
– Во Балван имаме проблеми од изградбата на експресниот пат кон Кочани. Таму од двете страни има искршено цевки кои не се поправени. Од Балван до Каратманово состојбата е сериозна. Системот треба да го санира изведувачот на работите „Гранит“ и да ни го предаде во употреба, а тоа се уште не е направено, вели Ивановски.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка