Орбан: Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ против Русија на нуклеарната енергија
Унгарија ќе стави вето на сите санкции на Европска Унија против Русија кои влијаат на нуклеарната енергија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за Државното радио.
Унгарија, членка на ЕУ, постојано ги критикува санкциите на ЕУ воведени кон Русија поради руската инвазија врз Украина, со образложение дека со тоа не е ослабена Русија, а истите можат да ја уништат европската економија.
Унгарската нуклеарна централа Пакс има четири мали руски реактори ВВЕР 440 со вкупен капацитет од околу 2000 мегавати, што почнаа со работа во периодот од 1982 до 1987 година. Пакс произведува околу половина од својата енергија, а електраната го добива своето нуклеарно гориво од Русија.
Според договорот потпишан во 2014 година со Русија, Унгарија има намера да ја прошири електраната Пакс со два реактори ВВЕР од руско производство со капацитет од 1,2 гигавати.
Ново на Сител
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет