Општините Кочани и Виница ќе доделат финансиска помош за настраданите од земјотресите во Турција
Општините Кочани и Виница ќе обезбедат хуманитарна помош за настраданите подрачја од земјотресите во Република Турција, а поддршката ќе биде парична, во рамки на буџетските можности на локалните самоуправи.
Од Општина Кочани истакнаа дека на буџетската сметка има определено резервни средства за вонредни потреби што ќе се искористат како солидарна помош за турските граѓани.
-Општинската админстрација подготви предлог-одлука за хуманитарна помош и таа ќе се биде на дневниот ред за седницата на Советот на Општината што ќе се одржи на 17 февруари. Одлука за висината на паричната помош ќе донесат советниците и очекуваме таа да биде едногласно усвоена. Буџетските можности се ограничени, но во вакви вонредни услови секоја помош е добредојдена, а ние ја изразуваме нашата искрена солидарност со настраданите граѓани на Турција, истакна Дејан Рашков, секретар на Општина Кочани.
Од Територијалната противпожарна едница од Кочани ќе испратат една екипа со пожарникари и возило која ќе помага во помошта за расчистувањето на последиците од земјотресите. Во соработка со општинскиот Црвен крст од Кочани ќе се обезбеди потребната опрема за престој на отворено во актуелните временски услови за лицата кои ќе се вклучат во помошта. Активностите ги координира Дирекцијата за заштита и спасување, а се очекува кочанските пожарникари да бидат дел од третиот конвој солидарна помош што ќе биде испратен од Македонија.
Градоначалникот на Виница, Миле Петков најави дека локалната самоуправа ќе се вклучи во обезбедувањето хуманитарна помош за турскиот народ и покрај скромните буџетски можности. До општинскиот Совет ќе биде доставена одлука за определување на износот финансиски средства што ќе бидат уплатени во солидарниот фонд.
Ново на Сител
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио