Македонија
17. November 2016 - 14:04

Општина Василево ќе го реконструира училиштето во Седларци

Општина Василево се подготвува за распишување јавни набавки за реконструкција на училиштето во населеното место Седларци. Активностите ќе бидат спроведени преку проектот „Заштита на животната средина во прекуграничниот регион Василево- Струмјани за подобрување на енергетската ефикасност“.

- Реконструкцијата на ова училиште ќе опфаќа промена на кровна конструкција, промена на столарија, промена на подови, нова фасада и панели за производство на струја со што училиштето ќе биде енергетски независно, произведувајќи струја за сопствените потреби, рече Стојанов.

Средствата за овој проект се обезбедени од Програмата за прекугранична соработка INTERREG-IPA CBC Бугарија – Македонија 2014 – 2020. Стојанов, при неговата посета на училиштето во Седларци, најави и реконструкција на санитарните јазли во централното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Василево.