Општина Василево дел од проектот „Македонија во ритамот на Европа“

Општина Василево е дел од проектот „Македонија во ритамот на Европа“. Градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов заедно со директорот на проектот, Игор Карадаревиќ попладнево го потпишаа меморандумот за соработка.
Целта на манифестацијата, во која се вклучени 20 општини од Македонија, е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранцијата, рамноправноста на половите, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење.
- Децата кои ќе ја претставуваат својата општина ќе имаат изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина. Има голема желба ктитор-амбасадор на Василево да биде Италија. Сите трошоци за подготвка на децата за настап на манифестацијата ќе бидат покриени од страна на организаторите, објасни Карадаревиќ.
Победникот на Манифестацијата за 2017 година ќе биде избран врз основа на гласовите на публиката и гласањето на жирито од општините учесници по пат на СМС пораки. Победникот ќе добие 50 проценти од прибраните средства во општинската сметка како наменски средства за болници, училишта, детски градинки, спортски и културни установи.
- Можам да кажам дека ние како Општина Василево имаме многу талентирани деца и се надевам дека ќе го поминат целиот циклус, се до финалето. Се надевам дека дури и ќе бидат победници, а Општина Василево ќе биде домаќин на музичкиот натпревар наредната година, вели Стојанов.
Победниците ќе одат на седумдневен престој во земјата чија што амбасада ја претставувале на натпреварот.
Манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ ќе се одржи во Скопје, во јуни месец, а ја организира Министерството за локална самоуправа на РМ и Секретаријатот за европски прашања која е поддржана од страна на амбасадорите на Европа и на Европска Унија.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
