Општина Струмица се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Софија
![]()
Општина Струмица успешно се претстави на Меѓународниот саем за туризам што се одржа од 13 до 15 овој месец во Софија, Република Бугарија, оцени градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
– Струмица и Струмичкиот карневал беа претставени пред многубројните посетители на саемот, а бугарските посетители уште еднаш потврдија дека Струмица е исклучително интересна и атрактивна дестинација за нив, додава градоначалникот Јаневски.
Информира дека во рамки на посетата на Софија, остварил средба со министерската за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова и со претставници од повеќе бугарски и грчки општини кои го посетиле штандот на Струмица. Исклучителен интерес за соработка со струмичките хотели и за посета на Струмичкиот карневал изразил и претседателот на Здружението на туристички агенции на Турција, Орхан Чеби.
-Целта на саемската промоција на Струмица беше промоција на Брендот Струмица, Струмичкиот карневал и туристичката понуда на струмичките хотели кои имаа одлична можност за воспоставување на контакти со балканските туроператори, рече Јаневски.
Инаку, учеството на Меѓународниот саем за туризам „Holiday&Spa Expo” се реализира во рамки на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020 година.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
