Општина Штип го заврши проектот „ Вмрежување на Мултимедијални центри во прекуграничните регони-Креатива“

Општина Штип доби нов Мултимедијален центар, а бугарската општина Гоце Делчев реконструирано Народно читалиште преку Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија, која е финансирана од Фондовите на ЕУ, истакна на денешната завршна прес-конференција градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.
Проектот„ Вмрежување на Мултимедијални центри во прекуграничните регони-Креатива“ е со вредност од 484.302 евра. Штипскиот градоначалник потенцираше дека општината максимално го поддржа проектот со кофинансирање од 190.000 евра.
Новиот Мултимедијален центар е лоциран на местото на старото Летно Кино во Штип, а во него ќе биде сместен Кластерот за креативна индустрија на Источно планскиот регион, канцелариите на Центарот за развој на источно планскиот регион, а има и конференциска сала, како и сала за културно-уметничнки настани.
- Преку овој проект не само што добивме два објекти Штип и Гоце Делчев, значи добивањето на пари преку Фондовите на ЕУ се едната димензија, а за да ги земе тие пари од ЕУ фондовите моравме да направивме добри проекти. Со изградбата на двата објекти оставаме и трајни вредности за идните генерации. Најважно е што преку овој проект добивме и пријатели, со кои ќе аплицираме на нови проекти и на следниот повик, рече Захариев.
Градоначалникот на бугарската Општина Гоце Делчев, Владимир Москов на денешната прес-конференција најави дека добрата соработка со Штип ќе продолжи во изготовка на нови проекти, со кои ќе аплицираат до ЕУ фондовите. Според него функцијата на еден градоначалник и на општинската администрација е да реализираат проекти кои се од интерес за граѓаните.
Општина Штип проектот „Вмрежување на Мултимедијални центри во прекуграничните региони – Креатива“ го реализираше заедно со Центарот за развој на Источно планскиот регион(ИПР). Директорката на Центарот за ИПР, Драгица Здравева рече дека Мултимедијалниот центар во Штип ќе има регионален карактер, а градежната компанија Актива веќе го има изградено објектот и работи на уредување на просторот околу него, со што се очекува до крајот на годината центарот да биде и комплетно завршен и свечено отворен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
