-->
-->
Општина Пехчево од даноци на имот наплатила 3,4 милиони денари
-->

Општина Пехчево во 2015 година на име даноци од имот наплатила 3.4 милиони денари од вкупно предвидени 4.850.000,00 односно 70,31 проценти наплата на данокот на имот во општината.
Како што информираше за МИА Даринка Цекова од Одделението за финансии во Општина Пехчево, оваа наплата задоволува и во споредба со 2014 година има зголемување во наплатата на данокот на имот од 2,8 проценти. На име комунална такса за 2015 година во општинската каса влегле 4.8 милиони денари од планираните 5.330.000,00 денари, односно 91,14 проценти.
- Исто така и за оваа година, овие даноци се планирани во приближно исти размери, односно во буџетот за 2016 година на име данок на имот се планирани 4.200.000,00 денари, а на име комунални такси се планирани 5.610.000,00 денари, рече Цакова.
Вкупниот буџет на општина Пехчево за 2016 година изнесува 169 милиони денари, додека основниот буџет изнесува 74 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
