Општина Куманово склучи договор за изработка на сувенир на Општината

Општина Куманово и арт студиото „Сигнум“ чија што креација пафта од женски колан беше избрана за сувенир на Куманово, склучија договор со кој се предвидува Општината да добие 15 сувенири, кои ќе послужат за промоција на градот.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, изјави дека согласно договорот на победникот на конкурсот за избор на сувенри општината ќе му додели 30.000 денари, а за возврат ќе добие 15 примероци од сувенирот кои ќе ги користи за промоција на општината.
- Како општина ќе се презнтираме со овој сувенир, со вредности од фолклорот, етнологијата, бидејќи идентитот на еден народ, а пред се спецификата на еден регион се базира на спецификите на фолклорот, етнологијата изјави Дамјановски.
Кумановецот Виктор Величковски од арт студиото „Сигнум“ се надева дека за сувенирот ќе има интерес, бидејќи, е реплика на народна ракотворба која е одраз на овој крај.
- Коланот е дел од женска пафта, тоа е дел од македонска носија, присутен е кај сите народи и народности на овие простори. Има и мултиетничка димензија и се надевам дека ќе има задоволство од самото присуство на ваков сувенир кој можеби ќе значи почеток на овој процес да се изработат и некои други наменски работи кои ќе бидат од интерес и за општината и едноставно за сите што имаат потреба од оваков сувенир, изјави Величковски.
Пафта-тока од колан од женска носија, со вметнати филигрански мотиви беше прогласена за сувенир за 2017-та година за општина Куманово, а го избра петчлена комисија од секторот за локален економски развој. За учество на овој конкурс се пријавија шест автори со осум експонати. Изборот на сувенир на општината е дел од програмата за привлекување туристи во општина Куманово, во чии рамки, се реализираше и овој конкурс, а испечатена е и брошура на англиски јазик во 350 примероци „Посети го Куманово“, како и флаер во 1.000 примероци кои ќе послужат за промоција на туристичките вредности и потенцијали на општината.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
