Општина Крива Паланка потпиша договор за збратимување со Перечин, Република Украина

Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, оствари официјална посета на општина Перечин, Република Украина, каде беше потпишан договор за збратимување помеѓу двете општини.
Од локалната самоуправа на Крива Паланка информираат дека посетата е остварена по првични контакти направени на иницијатива на Украинската амбасадорка во Македонија, а домаќин на делегацијата беше градоначалникот на Перечин, Иван Погорељук.
- Договорот беше потпишан од страна на двајцата градоначалници на официјална церемонија во рамки на прославата по повод патрониот празник на Перечин, на која присуствуваа голем број учесници и гости од целата Задкарпатска област, информираат од кабинетот на Мицевски.
Во обраќањето пред граѓаните на Перечин Мицевски се осврнал на основните постулати во Договорот за збратимување помеѓу двете општини за градење и унапредување на взаемните односи, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, економијата, младите и спортот, како и подготовка и аплицирање на заеднички проекти и нивно финансирање од фондовите кои се достапни на двете општини.
Делегација од општина Крива Паланка на крајот на мај остварила официјални посети и на општина Свидник во Република Словачка и Вршац во Република Србија, по повод чествување на денот на општините, а на средбите се разговарало за унапредување на односите и продлабочување на соработката на повеќе нивоа и во различни области, пред се на полето на културата.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
