Македонија
29. January 2016 - 13:38

Општина Кисела Вода додели еднократна парична помош за 30 новороденчиња

Општина Кисела Вода додели 30 ваучери за семејствата кои имаат принова овој месец и притоа доставија комплетна документација за еднократна парична помош.

Како што соопшти Општината, денеска доделените 30 ваучери се 15 за женски и 15 за машки деца. Локалната самоуправа досега има доделено вкупно 1.312 ваучери, што значи општината има исто толку нови жители. Се работи за парична помош во вредност од 6.000 денари за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето.

За неа, документација можат да поднесат сите родители кои ги исполнуваат потребните критериуми: да имаат живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето, посочуваат од Општина Кисела Вода.