Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички

Министерството за здравство обезбедило 300 паркинг места во комплексот Лимак за вработените во Клиничкиот центар.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција изјави дека на овој начин се одговара на еден од најгорливите проблеми и секојдневниот хаос со паркирањето во овој најголем здравствен комплекс во државата.
-Во услови кога над 6.000 луѓе секој ден минуваат низ комплексот Мајка Тереза во Скопје, а повеќе од 2.500 се вработени, прашањето на паркирањето не може да биде оставено на импровизации. Министерството за здравство потпиша Меморандум за соработка со компанијата Лимак со што се обезбедува паркинг простор за 300 возила наменет за вработените во здравствените установи во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје кои ќе имаат пристап од 24 часа, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.
Од 1 јули овој паркинг простор ќе биде ставен во функција и достапен 24 часа и се наоѓа на приближно пет минути пешачење од која било клиника. Во Лимак ќе има табли и ќе се знае кои катови ќе бидат наменети за Министерството за здравство.
-Со пренасочување на возилата на вработените надвор од срцето на кампусот го ослободуваме најблискиот простор за пациентите. Граѓаните нема да мораат да решаваат сообраќајни проблеми и да губат нерви за наоѓање паркинг, рече министерот.
Како што кажа, вработените ќе бидат информирани за можноста за паркирање.
Алиу рече дека започнува и системско решавање на проблемот, дека ќе се мапира целиот простор и кога има најмногу потреба за паркинг.
Во моментов, според министерот има мапирано 700 места за паркирање а дневно има 2.500 возила.
Информира дека во тек е поставување на информативни дигитални табли на влезовите во Клиничкиот центар како и на клучните точки во комплексот преку кои граѓаните полесно ќе ги наоѓаат клиниките и здравствените институции каде што треба да одат.
Алиу најави и апликација која што ќе насочува кон потребната точка. Ќе се разгледува можноста таа да се направи бесплатно.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со ѕидот што се урна кај Детската клиника, Алиу рече дека процедурата е веќе почната, како и дека ќе има повлекување од еден метар и половина за да може патот над Клиниката да биде проширен.
Во однос на проблемот со клиничката Перална, кажа дека во моментов се анализира состојбата и дека за кратко време ќе се изнајде решение.
-Знаете дека институцијата е подолг период во финансиска криза, но исто така мора да најдеме начин и процеси за да се исплатат бараните сервиси кои таа институција ги нуди. Малку е покомплексен проблемот. Заедно со Владата, директорот на институцијата и со мене како министер за здравство ценам дека брзо ќе најеме решение како институцијата да се ослободи од таков тип на финансиски притисоци, рече Алиу.
Наредната недела тој има состанок и со претставниците на компанијата која стопанисува со Клиничката перална.
Министерот за здравство на прес-конференцијата соопшти дека мора да се направи нова методологија и анализа за потребите на здравството и на пациентите врз основа на понови податоци поврзани со демографијата, нови болести, потреби на пациентите, на здравствените установи за вработени.
Исто така тој смета дека има потреба од поголема транспаретност односно добивање информации во реално време преку веб страната на Министерството.
Ново на Сител
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фанагата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
