-->
-->
Општина Карпош го одбележува Денот на лицата со хендикеп
-->

Општина Карпош денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на лицата со хендикеп (3 декември).
Средбата се органзира традиционално, по седми пат, во рамки на планираните програмски активности на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општина Карпош.
За таа цел ќе биде организирана заедничка дружба, на која ќе присуствуваат лицата со хендикеп, советниците од локалната самоуправа и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
Тој ќе им додели еднократна парична помош од 4.000 денари, на повеќе од 100 граѓани кои влегуваат во оваа социјална категорија.
На средбата меѓу другото, граѓаните ќе ги споделат своите искуства и ќе ги предочат проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно функционирање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
