Општина Илинден го одбележува патрониот празник

Општина Илинден со пригодна културно-уметничка програма вчера го одбележа 2 Август, Илинден, националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на општината.
Централната манифестација по повод одбележувањето на Денот на општината се одржа на амфитеатарот во паркот „Галерија на отворено“, во дворот на Домот на култура „Илинден“.
На свеченоста, на која се обрати градоначалникот Жика Стојановски, беа изведени инструментални композиции во кои преовладуваат традиционални изворни фолклорни ноти, а настапија Драган Даутовски, Скопски дувачки квинтет на Васил Атанасов и Пламенка Трајковска секстет. Присутните имаа можност да ја погледнат и изложбата на академскиот сликар Новица Трајковски, што по повод Денот на општината беше поставена во Галеријата на Домот на култура „Илинден“.
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник и годинава се одржа традиционалниот Спортски викенд Илинден 2017, под мото „Ние навиваме за Македонија“, на кој настапија над 700 спортисти, како и крводарителска акција.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
