Општина Чешиново-Облешево ја доби сопственоста на бањата во село Бања
Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево по повеќегодишно очекување конечно ја доби сопственоста на објектот на бањата во селото Бања.
Со тоа се создадени почетни услови општинската власт да започне активности за заживување на бањскиот комплекс што над две децении не се користи и пропаѓа.
– Конечно добивме имотен лист дека бањата е во сопственост на Општината, а дополнителна потврда е што известувањето за тоа е објавено во Службен весник. Со поддршка од УНДП започнавме со изработка на физибилити студија за нејзино повторно ставање во употреба, а во исто време бараме можни инвеститори за реконструкција на објектот кој е целосно руиниран, истакна Горанчо Крстев, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.
Физибилити стиудијата треба да биде завршена до почетокот на март, а со обновувањето на објектот, од Општината очекуваат дека ќе започне реализацијата на програмата за развој на бањскиот туризам, по кој регионот бил надалеку познат.
Бањата во село Бања функционирала до средината на деведесеттите години, кога поради нерасчистени сопственички односи меѓу поранешниот Медицински центар од Кочани и новоформираната општина била оставена да пропаѓа. Таа е единствена од осумте бањски комплекси во Македонија што не функционира, иако лековитоста на геотермалната вода, со температура од 78 степени Целизиусови, била користена уште пред пет века.
Објектот што е изграден во седумдесетите години од минатиот век има капацитет за околу 700 пацинети месечно и располага со два големи базени, неколку индивидуални кабини и оддел за физикална терапија.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани