Оперски ансамбл од Осијек гостува на „Скопско лето“

Оперскиот ансамбл на Уметничката академија од Осијек, Хрватска, гостува на фестивалот „Скопско лето“ и вечер од 21 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ ќе ја изведе комичната опера во два чина „Така прават сите“ од Моцарт.
- Оперскиот ансамбл на Уметничката академија во Осијек е формиран во 2010 година со цел оперското дејствување да биде јавно. Ги собираат бившите и сегашните студенти на Уметничката академија во Осијек, професорите по музика како и гостите од земјата и од странство. Покрај целосни оперски изведби, ансамблот изведува и концертни настапи на опери и оперети, но и на други вокални дела од музичката литература, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје која е организатор на „Скопско лето“.
Меѓу најзначајните опери изведени од овој ансамбл се: „Дидона и Енеј“ од Хенри Пурцел „Никола Шубиќ Зрињски“ од Иван Зајц, „Џани Скики“ од Џакомо Пучини, оперетата „Лилјакот“ на Јохан Штраус помладиот, „Така прават сите“ од Волфганг А. Моцарт, „Љубовна напивка“ од Гаетано Доницети, а ја подготвува и операта „Фигарова свадба“ од Моцарт.
Ново на Сител
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
