Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

Kандидатот Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во водство со освоени 1.145 гласови (45,44 %) на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, покажуваат најновите податоци објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за онлајн следење на резултатите.
Втор по бројот на освоени гласови е Јакуп Хусеини од коалицијата ВЛЕН со 618 гласови (24,52 %), следува Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 424 гласови (16,83 %), додека Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ има освоено 278 гласови (11,03 %).
Независниот кандидат Душан Богдановски досега има 17 гласови (0,67 %), а независната кандидатка Арифе Идризи има освоено 3 гласови (0,12 %).
ДИК закажа прес-конференција за 21:30 часот на која, како што информира, ќе бидат објавени првичните неофициални резултати од денешното гласање.
Првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ДИК ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
На предвремените локални избори за градоначалник во Брвеница право на глас имаа 16.256 избирачи, од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.
Изборите се одржуваат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
