Опера-реквием „Јов“ на Мајски оперски вечери
Во рамките на 45. Мајски оперски вечери, денеска на големата сцена на МОБ гостува уметничкиот ансамбл „Нова Опера“ од Украина кој ќе го изведе музичко-сценскиот перформанс „Опера-реквием Јов“.
Композитори се Роман Григорив и Илија Разумејко, диригент е Роман Григорив, а режисер Влад Троицки.
Настапуваат Марјана Головко - сопран, Ана Марич - сопран, Олександра Турјанска - мецо-сопран, Андреј Кошман - баритон, Руслан Кирш - баритон, Јевгениј Ракманин - бас, Јана Марчинска - виолончело, Андреј Надолскиј - перкусии, Илија Разумејко - пијано, Александар Михајловски – наратор.
Опера-реквиемот „Јов“ претставува музички перформанс за препарирано пијано, виолончело, перкусии и гласови. Музиката на делото ги комбинира музичкиот минимализам и авангардната експресија, некласицизмот и рок-музиката. Полифоните хорски епизоди и инструменталните интерлудиуми се менуваат со делници што го користат целиот дијапазон на човечкиот глас: од класична, џез и фолклорна интерпретација, до дишење, врисоци, шепотења и аликвотно пеење.
Тој претставува синтеза на грчката драма, барокната опера, формите на ораториум и реквием, со техниките на постмодерниот театар. Делото со себе ја носи „мистеријата на раѓањето на новиот звук на пијаното“ и ги изразува бескрајните можности на човечкиот глас.
„Нова опера“ е група составена од млади украински уметници чија цел е да истражува и создава нови начини на израз на музичкиот театар. Музичарите на „Нова Опера“ креираат нови синтетички жанри и експериментираат со нестандардни, оригинални музичко-сценски перформанси. Музичкиот јазик на нивните дела не познава естетски граници и ги здружува во слободен израз авангардата и рок-музиката, грегоријанското пеење и трип-хопот, необарокот и фолклорните импровизации.
Вокално-инструменталниот ансамбл на „Нова Опера“ ги истражува бројните можности на човечкиот глас и користи неакадемски методи на изведба на музички инструменти како препарирано пијано, бит-бокс, човечки перкусии и други техники. Во нивните дела, достигнувањата на традиционалниот театар се комбинираат со придобивките на модерната технологија како ви-џеј перформансите и живата електронска музика.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија