Свет
5. September 2018 - 10:45

Опасен земјотрес во Русија: Потрес со јачина од 5,5 степени го погоди Урал

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер го погоди регионот на Урал, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 133 километри од престолнината на таа област, Уфa, на длабочина од 10 километри.

Како што се наведува, земјотресот не ги нарушил вообичаените активности, а за сега нема податоци ниту за евентуалната штета.