Омикрон ја загрижи Германија, свикан состанок за здравствената политика во земјата
Германскиот канцелар Олаф Шолц и премиерите на 16. сојузни држави денеска ќе разговараат за здравствената политика во земјата, со оглед на брзото ширење на Ковид-19, а особено, на повеќе преносливиот сој – омикрон.
Се очекува лидерите да ги продолжат досегашните мерки. Засега нема индикации за наметнување построги правила или олабавување на сегашните мерки. Сепак, на низа прашања допрва треба да се даде одговор, пренесува ДПА.
Меѓудругото, од лидерите се очекува да размислат дали да го намалат времето по инфекцијата, кога се смета дека луѓето „оздравиле“ и дека со тоа се текнале со имунитет. Според научниците, овој период треба да се скрати на 90 дена наместо шест месеци.
Поединци бараат вакцинацијата да биде задолжителна, чекор што Австрија веќе го направи. Сепак, научниците се поделени по ова прашање.
Состанокот доаѓа во време кога научници предвидуваат дека ќе има стотици илјади нови инфекции секој ден во средината на февруари.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло