-->
-->
Олга запознала маж на Интеренет и отишла на состанок со него - после ова селфи, следел монстуозен чин
-->

Олга, самохрана мајка на две деца запознала маж на Интернет и со него започнала врска. Ја одвел на „романтичен излет“ од кој никогаш не се вратила.
Олга Емелјанова (30) од Русија мислела дека по разводот низ кој неодамна поминала конечно пронашла маж за себе. Во прашање бил Расим Садиков (30) кој ја одвел Олга на „романтичен излет“.
Воодушевената Олга, не насетувајќи што и се подготвува, испратила селфи на својот брат.
- Се возам некаде, напишала таа
- Во некоjа шума? - ја прашал брат и.
- Да- гласел нејзиниот одговор пропратен низ смеа
Меѓутоа од излетот немало ништо - Расим ја задавил со најлонска кеса и потоа го сокрил нејзиното тело во грмушка.
- Направил се за да го сокрие монструозниот чин. Ги сокрил телото и доказите дури и се преселил во друг град. Немало ниту еден сведок. Меѓутоа, заборавил на селфито кое Олга го сликала. По некое време Олга престанала да се јавува и семејството се јавило во полиција, велат од полицијата.
Олга зад себе оставила две деца, Дениса (10) и Кристина (3) кои сега припаднале на нејзиниот поранешен сопруг Роман (30), а на Расму му се заканува 15 години затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
