-->
-->
Оланд: Во Франција е зголемено нивото од терористичка закана
-->
Во Франција има високо ниво на терористичка закана, но има и исклучително добро разработен план за будност, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по синоќешиот напад врз божикен базар во Берлин.
- Кај нас има високо ниво на закана, но имаме и план за мобилизација кои исто така се на многу високо ниво, посочи Оланд по средбата со претседателот на Сенегал Маки Сал во Париз.
Оланд посочи дела во Франција се преземени сите мерки за да се гарантира најголема можна безбедност секаде посебно на божикните базари и места каде се собираат голем број луѓе.
Тој изрази сочувство до Германија.
- Од името на Франција сакам да изразам солидарност и сочувство до Германија по терористичкиот напад во Берлин, посочи Оланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај